
И денеска нè очекува сончево и топло време со слаб до умерен северозападен ветер, кој во попладневните часови ќе се засилува во Повардарието.
Температурата ќе се движи од 28 до 40 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен северозападен ветер со температура до 36 степени, информираат од УХМР.
Во наредните денови ќе продолжи да се спушта посвеж воздух од север и ќе предизвика опаѓање на температурата за 7 до 10 степени во целава земја.
Зголемување на облачноста ќе има во сабота кон недела, како и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


