| четврток, 6 декември 2018 |

Повредните во Вевчани се надвор од животна опасност

g_vevcaniii5000

Осомничениот за двојното убиство, што синоќа се случи во Вевчани, денеска е изведен пред јавен обвинител, а повредените се надвор од животна опасност. Во пукањето кое што се случи синоќа во кафетеријата „Пјаца“, цо центарот на Вевчани, загинаа двајца, а уште двајца се повредени. Нивниот живот е надвор од животна опасност.

Оружениот инцидент  се случи синоќа околу 21.30 часот на летната тераса од кафетеријата „Пјаца“ во центарот на Вевчани. 56-годишниот жител на селото Здравко Србакоски, само што пристигнал на терасата, неочекувано извадил пиштол и испукал седум куршуми кон присутните на една од масите. Притоа им нанел смртни повреди на Владо Попески (43) сопственик на угостителскиот објект и татко на три малолетни деца, и на Мате Ѓурчески (23), и двајцата од Вевчани. Тие се здобиле со прострелни рани во градите. Едниот починал на самото место, а другиот на пат кон болница.

Во инцидентот ранети се Горан К. и Илија П., исто така, од Вевчани, кои се хоспитализирани во општата болница во Струга и специјалната болница Св. Еразмо.

– Едниот е во стабилна состојба, има прострелна рана во абдомен но не е пенетрална. Другиот повреден е во Костозглобна со фрактура на левата подлактица и масивно крвавење, но како што сум информиран е во добра состојба – изјави д-р Речи Илми од општата болница во Струга.

Осомничениот оружјето со кое го извршил убиството го поседувал со дозвола издадена уште во 1986 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top