-Техничко-санитарна вода претставува вода што може да се користи за бањање, за перење на алишта, за миење на садови, само не за пиење- предупредува Никола Мицевски, директор на ЈП Исар.
За да се олесни проблемот на граѓаните со водата за пиење, денесла локалната самоуправа делеше флаширана вода на градскиот пазар.
– Ова е одличен пример за општествена одговорност на фирма што сака да му помогне на народот во неволја. Јас уште еднаш ја користам приликата да се заблагодарам на АД „Пелистерка“ што донираше 24 тони вода за граѓаните на Општина Штип. Ние ги покривме потребите на градинките во изминатите неколку дена, на најзагрозените семејства исто така. Од количините што останаа еве делиме и на градскиот пазар. Јас би посакал да имаме што помалку вакви прилики, а што повеќе вакви правни субјекти што сакаат да помогнат- изјави Зоран Алексов, градоначалник на Општина Штип.
За помошта се заблагодарија и граѓаните и од детските градинки во Штип. Со редовна настава училиштата ќе започнат од понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.