Финскиот возачот на Формула 1 Кими Раиконен и неговата девојка Минту Виртанен првпат ќе станат родители. Минту го придружуваше Кими на повеќето овогодишни трки од Светското првенство на Ф1, а би требало да се породи во почетокот на 2015 година.
Оваа вест го развесели и шефот на тимот на Ферари, Лука ди Монтеѕемола, па на Финецот му честиташе на неговата официјална страница.
Раиконен зад себе има уште еден брак, тој во 2004 година стапи во брак со Убавицата на Скандинавија 2001, Џени Дахлман, а се разведоа во февруари минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ферари со цело богатство сака да го зацементира договорот со Себастијан Фетел
-
Раиконен најбрз во квалификациите за ГН на Монте Карло, Хамилтон дури на 14. место
-
Раиконен прво го расплака, а потоа го направи најсреќното дете на светот!
-
Втора трка и втора победа, Нико Розберг одлична ја почна новата сезона во Формула 1


