| четврток, 6 декември 2018 |

Здравко викал на цел глас во кафеаната: Го убив копилето!

parite-se-motiv-za-dvojnoto-ubistvo-vo-vevchani-1566581

Убиените жители на Вевчани: Матеј Ѓурчески и Владо Попески

Дваесет и тригодишниот М.Ѓ. и двасет години постариот В.П. синоќа беа убиени на летната тераса од угостителскиот објект „Пијаца“ во Вевчани.

Убиецот З.С. (56) со пиштол пукал во нив околу 21 часот и 30 минути, при што се повредени и И.П. и Г.К., информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Веднаш по пукањето, приведен е З.С. од неговиот дом, каде што е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото. Во тек е истражна постапка, се разговара со осомничениот и во текот на денот ќе биде изготвена кривична пријава за „убиство“ – изјави Димоски за МИА.

Дежурниот хирург во струшката болница Речи Илми информира дека синоќа примиле четворица повредени со огнено оружје.

– За жал, двајца починаа иако дадовме сѐ од интензивната нега од страна на анестезиолозите и хирурзите. Третиот е во добра и стабилна состојба, има прострелна рана во абдоменот, меѓутоа не е пенетрантна, а четвртиот пациент е пренесен во костозглобна со фрактура над левата надлактица, исто со масивно крвавење. Како што слушнавме и тој е во добра состојба. Двајцата починати беа со прострелни рани во градите со внатрешно масивно крвавење. Сѐ беше дадено од наша страна, тие починаа – изјави Илми.

Роднини на убиениот за МКД, раскажуваат дека неодамна се вратил од Хрватска, каде што исто така имал проблеми со властите за некаква кражба. Тој, пред два месеци влегол во спортската обожувалница на Владо Попески, кој е и сопственик на кафеаната „Пјаца“ и сакал да уплати ливче. Но, системот во тој момент не работел, па Владо му објаснил на Здравко дека нема да може да ја изврши уплатата, по што настанала вербална расправија која завршила со зборовите на Здравко: Ќе ме запамтиш ти мене!

Синоќа, велат роднини на Попески, Здравко ја остварил својата закана. Тој со пиштол влегол во „Пјаца“ и почнал да пука. Убиени се Владо Попески и Матеј Ѓурчески, а ранети се Илија Пржитоски и Горан Коруноски. За време на злосторсвото Здравко се дерел на цел глас: Го убив копилето!

„Вечер“, пак, пишува дека вевчанци раскажувале дека Србакоски тврдел дека сопственикот на „Пјаца“, Владо Попески, му должел пари и во неколку наврати му ги барал но Попески не го признавал долгот и секоја средба завршувала со расправија. Тие знаеле дека има финансиски проблеми и дека често се коцка и обложува, но не можат да објаснат зошто тој ги барал парите токму од Попески. Србакоски, во неколку наврати, јавно и пред повеќе соселани изјавил дека ќе го убие Попески, но, за жал, никој не го сфатил сериозно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top