Кандидатот за претседателските избори во Бразил, Едуардо Кампуш, загина во авионска несреќа во сојузната држава Сао Пауло, јави бразилската телевизија „Глобо“.
Кампуш (49) беше кандидат на Социјалистичката партија на изборите што треба да се одржат во октомври. Тој патувал со приватен авион од Рио де Жаниеро кон Сантос.
Авионот, со петмина патници и двајца пилоти, се урна во станбен кварт во Сантос во момент додека се обидувал да слета на локалниот аеродром.
Според бразилскиот „Би-Би-Си“, цитирани од „Глобо“, загинале сите седум луѓе што патувале со авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


