| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски топ-тема во турските медиуми

Турските медиуми со голем интерес објавуват дека македонскиот премиер Никола Груевски заедно со своето семејство се наоѓа на одмор во Турција.

груевски

– Македонскиoт премиер, кој заедно со своето семејство, односно сопругата Боркица и ќерките Анастасија и Софија, го избра Бодрум за нивна овогодишна дестинација, имаше можност да го посети калето во Бодрум. По рекреативната проетка, која траеше речиси еден час во калето во Бодрум, премиерот на Република Македонија прошета и во чаршијата на Бодрум – пишуваат речиси сите турски медиуми.груевски 2

Одморот на Груевски во Турција го разбуди интересот кај турските медиуми, па тие пишуваат и дека македонскиот премиер имал можност да прошета во чаршијата и да посети некои продавнички, бил отпуштен и се однесувал многу релаксирано.

груевски 3

Според нивните пишувања, Груевски во Бодрум имал можност да посети и многу други места, а за турските медиуми изјавил дека е фасциниран од градот Бодрум.

груевски 4

Премиерот Никола Груевски се очекува утре да замине од Бодрум и останатиот дел од одморот да го помине во близина на Фетие.

груевски 5

грувески 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top