| четврток, 6 декември 2018 |

Чипс од ти­квич­ки со пар­ме­зан

cips-od-tikvica-s-parmezanom-4

Чипс од ти­квич­ки со пар­ме­зан е од­лич­но пред­ја­де­ње, или, пак, мо­же да би­де при­лог во не­кое глав­но ја­де­ње. Со овој чипс нај­че­сто се пие лад­но бе­ло ви­но.

Со­стој­ки:

2 ти­квич­ки

1 ла­жи­ца мас­ли­но­во мас­ло

¼ шол­ја све­жо на­рен­дан пар­ме­зан

¼ шол­ја леб­ни тро­шки

Сол, црн пи­пер

Под­го­то­вка:

За­греј­те ја рер­на­та на 200 сте­пе­ни. На­сеч­кај­те ги ти­квич­ки­те на пар­чи­ња де­бе­ли око­лу по­ло­ви­на сан­ти­ме­тар. По­со­ле­те ги по жел­ба, до­дај­те црн пи­пер и пре­мач­кај­те ги со мас­ли­но­во мас­ло. Не­ка сто­јат де­се­ти­на ми­ну­ти во еден сад, да пу­штат во­да.

Во еден сад про­ме­шај­те го све­жо на­рен­да­ни­от пар­ме­зан и леб­ни­те тро­шки. По­тоа се­кое пар­че ти­квич­ка из­вал­кај­те го во сме­са­та. Ва­ка из­вал­ка­ни­те па­ри­чи­ња ти­квич­ки на­ре­де­те ги во та­ва во ко­ја прет­ход­но сте ста­ви­ле хар­ти­ја за пе­че­ње. Пе­че­те ги ти­квич­ки­те во за­гре­а­на рер­на 20 ми­ну­ти, до­де­ка нѐ ста­нат крц­ка­ви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top