– Владата одлучи Перински да биде нов директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Тој е избран врз основа на јавниот повик. Од документацијата која ја приложи во рамки на апликацијата, од неговата програма за работа и од она што го покажа во процесот на интервјуирање увидовме дека е соодветен кандидат за оваа позиција. Образованието го има стекнато на Факултетот за физичка култура, но работел и во менаџментот во рамки на приватниот сектор што претставува добра комбинација. Ова негово именување е уште еден доказ за отвореноста на Владата и давањето шанси и можности на сите способни и квалитетни кадри да раководат со одговорни државни позиции – вели за „Курир“ владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Златко Перински завршил Факултет за физичка култура на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а моментално е постдипломец на смерот менаџмент на човечки ресурси на Универзитет за туризам и менаџмент. Работел и во областа на менаџментот и маркетингот во домашни и странски компании.
„Курир“ дознава дека досегашниот директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски ќе работи како проект менаџер во канцеларијата на бизнисменот Сергеј Самсоненко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Нова концертна сала и концертно пијано за учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“
-
Преполна сала: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Битола најавува убедлива победа во првиот круг
-
Се очекува победа уште во првиот круг: Салата во Илинден претесна за сите членки на УЖ на ВМРО ДПМНЕ