| четврток, 6 декември 2018 |

Златко Перински, нов директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“

perinski-500
Златко Перински е именуван за нов директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, дознава „Курир“ од владини извори. Тој веќе е именуван на седница на Владата и тоа врз основа на јавниот повик за пројавување интерес за ангажирање раководни позиции на кои аплицирал Перински. Од Владата ја потврдиле оваа информација.

– Владата одлучи Перински да биде нов директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Тој е избран врз основа на јавниот повик. Од документацијата која ја приложи во рамки на апликацијата, од неговата програма за работа и од она што го покажа во процесот на интервјуирање увидовме дека е соодветен кандидат за оваа позиција. Образованието го има стекнато на Факултетот за физичка култура, но работел и во менаџментот во рамки на приватниот сектор што претставува добра комбинација. Ова негово именување е уште еден доказ за отвореноста на Владата и давањето шанси и можности на сите способни и квалитетни кадри да раководат со одговорни државни позиции – вели за „Курир“ владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Златко Перински завршил Факултет за физичка култура на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а моментално е постдипломец на смерот менаџмент на човечки ресурси на Универзитет за туризам и менаџмент. Работел и во областа на менаџментот и маркетингот во домашни и странски компании.

„Курир“ дознава дека досегашниот директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски ќе работи како проект менаџер во канцеларијата на бизнисменот Сергеј Самсоненко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top