| четврток, 6 декември 2018 |

Со вежбање против депресија

Добрата телесна форма е поврзана со помал ризик за појава на симптоми на депресија, објавија истражувачите од Универзитетот Северен Тексас.

Истражувачите веруваат дека ваквите наоди е можно да се објаснат со последиците на зголемување на самодовербата и влијанието на хормоните поврзани со вежбање.

Одделни претходни студии утврдија врска на протеини и хормони чија присутност расте по вежбите со помал ризик за депресија. Новите наоди се засноваат на податоци собрани од околу 400 тинејџерки, а истражувачите веруваат дека воочената врска е присутна кај двата пола.

Според нив, добрата телесна форма била поврзана со помал ризик за симптоми на депресија и кај девојчиња со претходна дијагноза на депресија.

Исто така, добрата телесна форма е поврзана со помал ризик за дебелина, срцеви заболувања и подобар успех во училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top