| четврток, 6 декември 2018 |

И покрај санкциите – Меркел не се откажува од Путин!

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека и покрај санкциите кон Русија, сака да го продолжи дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, но само доколку тој биде конструктивен.

Russian president Putin in Berlin

– И покрај санкциите, правам се да не се затвори вратата за разговори со рускиот претседател. Но, за конструктивен дијалог секогаш е потребно да се има повеќе од еден соговорник – изјави Меркел во интервју за „Зексише цајтунг“.

– Секогаш сум ја прифаќала обврската со Русија да работам на конструктивен начин и подготвена сум и во иднина да работам на тоа – потенцира Меркел.

Според нед, Русија треба да прифати дека Украина може сама слободно и демократски да решава за својата иднина.

– Во тој однос ние треба јасно и силно да ги заштитиме нашите принципи – дополни германската канцеларка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top