Генералниот секретар на ОН Бан Ки мун апелираше до земјите ширум светот да преземат поголеми напори да им помогнат на ирачките цивили кои мораа да ги напуштат своите домови пред налетот на исламските милитанти и да побараат засолниште во зафрлените планински предели.
– Страдањата на Јазидите и останатите на планината Синџар е посебно тешко, рекол Бан пред новинарите, наведувајќи дека ситуацијата на таа планина е многу лоша.
Апелирам до меѓународната заедница да направи повеќе за да им обезбеди заштита која им е потребна, истакна Бан Ки мун.
Тој предупредил дека ирачките безбедносни сили не треба да се вплеткуваат во политичката криза во таа земја настаната поради несогласувањата околу именувањето на новиот премиер.
– Од пресудна важност е безбедносните сили да се воздржат од вплеткување во политичкиот процес, рекол Генералниот секретар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.