Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун апелираше денеска до владите ширум светот да спречат ширење паника и страв од еболата и најави планови за унапредување на глобалната борба за ставање под контрола на епидемијата на таа смртоносна болест.
Бан го именуваше британскиот лекар Дејвид Набар за координатор на ОН за еболата, кој ќе биде задолжен за надзор на стратегијата на ОН за контрола на епидемијата од ебола, од која досега животот го загубија повеќе од илјада луѓе.
– Треба да се избегнува паника и страв. Ширењето на ебола може да се спречи, изјави Бан.
– Со сите ресурси, знаење, превенција и добра волја, луѓето може да ја преживеат таа болест, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.