Ирачки хеликоптер, што доставувал хуманитарна помош на раселените Јазиди на планината Синџар се урна денеска, изјави портпаролот на ирачката војска генерал Касим ал-Мусави.
Тој додаде дека се работи за хеликоптер од руско производство, но не наведе повеќе детали за несреќата.
Илјадници Јазиди, припадници на малцинството кое зборува курдски јазик, побегнаа од своите домови во почетокот на август, бидејќи џихадистите на „Исламска држава“ го нападнаа и го зазедоа нивниот град Синџар.
Бегајќи од исламистите кои тогаш им дале ултиматум да преминат во ислам, да плаќаат големи даноци, да ги напуштат домовите или ќе бидат убиени, Јазидите се соочуваат со хуманитарна катастрофа кога во планините останаа без храна и вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


