Уставниот суд на Хрватска во средата одлучил дека во земјата нема да се одржи референдум за употреба на кирилицата поради тоа што референдумското прашање не е во согласност со хрватскиот Устав.
Распишувањето на референдумот беше поднесено од граѓанската иницијатива „Стожер за одбраната на хрватски Вуковар“, а хрватскиот Сабор потоа побара оценка на уставноста на референдумското прашање.
Ова право сега им е овозможено на припадниците на малцинствата кои чинат повеќе од третина од населението, каков што е случајот со Србите во Вуковар, а токму поставувањето на двојазичните табли во септември минатата година во овој град беа причина за собирањето на потписите за референдумот.
Хрватските власти покренале обвиненија против 22 воени ветерани поради насилното отстранување на двојазичните табли со кирилични натписи на државните институции во Вуковар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



