| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки Мун: Барам да се формира суд за злосторствата на УЧК

glavna-bankimun

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побарал од косовските власти и ЕУ да гарантираат дека најдоцна до почетокот на следната година ќе се формира специјален суд за злосторства на УЧК.

– Силно барам поддршка од косовските власти како и од структурите на ЕУ, да гарантираат дека специјалниот суд ќе се формира најдоцна до почетокот на 2015 година, наведе Бан Ки Мун во најновиот извештај за ситуацијата во Косово, кој ќе биде претставен пред Советот за безбедност на ОН на 25 август.

Генералниот секретар оценил дека извештајот на Клинт Вилијамсон, главниот обвинител на специјалниот истражен тим за злосторства на УЧК од 29 јули е од „клучно значење не само за почитување на основните принципи на меѓународната правда, туку и за борба против неказнивоста и за тоа извршителите да ги сносат одговорност за своите дела“.

 

Тој исто така се заблагодарил на Европската унија што обезбедила политички и финансиски ресурси за заокружување на овој процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top