
На лето се поголеми шансите за ин-витро оплодувањето да биде успешно, покажало едно истражување во Женската болница о Ливерпул.
Докторите откриле дека хормонот мелатонин, кој влијае на сонот, исто така има влијание на тоа плодноста кај жените да биде поголема за време на сончевите месеци. Исто така се покажало дека на жените во летните месеци им се потребни помалку лекови кои ја поттикнуваат овулацијата, отколку во зима. Шансите да забрени една жена по пат на ин-витро оплодување во лето се двапати поголеми, покажале истражувањата.
– Но, тоа не значи дека двојките треба да го одложуваат почетокот на вонтелесното оплодување, чекајќи ги „соврешниот момент“, посебно таму каде што важен фактор е биолошкиот часовник – советуваат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


