Франција е најблиску до добивање на организацијата на следното Европско првенство во кошарка што треба да се игра во септември 2015 година, а ветувањата се одлични. Ако добијат шанса да ја заменат Украина, која се откажа, Французите најавуваат баскет на фудбалски стадион, прилагоден на кошаркарски услови.
Понудата е завршницата да се игра во Лил, на фудбалскиот комплекс со капацитет од 50 илјади гледачи, којс е приспособува и за кошарка, но со двојно помалку седишта или точно 27 илјади. Во Лил би се играло од четвртфиналето до самата завршница, а амбиентот би бил приближно еднаков на тој што го има во НБА лигата.
Французите направиле добар „есап“ и дури и ќе заработат добри пари. Билетите би чинеле во просек 40 евра, а се очекува околу 100 илјади кошаркарски фанови да ја проследат завршницата на стадионот „Пјер Моро“ во Лил.
Сепак одлуката кој ќе ја замени Украина како домаќин на Евробаскетот во 2015 година ќе ја донесе ФИБА во септември. Кандидати покрај Франција се и Германија, Хрватска, Полска, Финска, Израел, Летонија и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


