| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Тасевски прекрасно ја промовира Македонија во Тајланд (видео)

Македонија е земјата на познатиот војсководец Александар Македонски, а оттаму ни доаѓа фудбалскиот репрезентативец Дарко Тасевски, се вели во ТВ сторијата на тајландската телевизија, посветена на нашиот играч. Тасевски, кој е нов член на Бангкок глас, беше во фокусот на вниманието, а со одличен настап пред екраните си ја промовираше родната земја.

„Македонија е мала земја со голема и богата историја. Можеби затоа и најмногу ги сакам историските филмови како Троја, Александар Велики, Гладијатор. Имаме со што да се пофалиме. Роден сум во главниот град Скопје, за мене најубав на планетата, чиј симбол е реката Вардар. Почнав да играм фудбал на 7-годишна ворзаст, најмногу поради семејната традиција, бидејќи и татко ми беше фудбалер. Немаме големи фудбалски успеси, но народот знае да ги цени и слави успесите“, вели во интервјуто Тасевски.

Тој веќе постигна и гол за Бангкок глас, а најавува добри игри во тајландското првенство. На Тајланд играат и Марио Ѓуровски и Баже Илиоски, заедно со Тасевски, триото одлични промотори на македонскиот фудбал и држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top