| четврток, 6 декември 2018 |

Успешните луѓе секојдневно се преиспитуваат

луге
Сите доживуваат неуспех и сите прават грешки.

Но наместо да ги доживуваме како показатели на нашата неспособност, треба да сфатиме дека тоа се еднинствени прилики за учење на нови лекции.

Успешните луѓе имаат едно нешто заедничко, а тоа е секојдневното преиспитување со цел да имаат добар увид на проблемите како и на успесите, што е она што им помага за успех и обратно на што се должи нивниот неуспех.

Постојат неколку прашања кои е пожелно да си ги поставуавме самите на себе најчесто што можеме.

1.Дали денес направив нешто што ќе ме однесе до мојата цел?

Поставувањето на цели е многу важно, без разлика дали станува збор за долгорочни или краткорочни цели. Кога ќе се сконцентрираме на целите и кога имаме јасен план за акција, амбициите и желбите многу полесно се остваруваат.

2.Со кои лоши навики треба да престанам?

Сите ние имаме лоши навики, а тие можат да наштетат на нашиот кредибилитет и на работата, на приватниот и социјалниот живот. Кога еднаш ќе ги утврдиме лошите навики и кога ќе вложиме напор за да престанеме со нив, тоа ќе ни се исплати повеќекратно.

3. Што е тоа што ме мотивира?

Мотивацијата е сила која не води напред. Откријте што е тоа што вас лично ве мотивира, па хранете ја вашата мотивација секојдневно.

4.Дали сум личност каква што сакам да бидам?

Човекот не се раѓа со сите свои карактерни особини, најголем дел од нив ги стекнува низ животот и искуството, низ победите и поразите. Многу е важно да низ животните случувања развиеме карактер на кој би биле горди.

5.Кои грешки ги имам направено и што научив од нив?

Сите доживуваат неуспех и сите прават грешки. Сепак и победите и поразите се единстевни прилики кои ни ги дава животот со бонус лекции. Запомнете дека животот ќе ве соочува со една иста ситуација се додека не ја научите лекцијата од истата.

6.На што сум благодарен/а

Благодарноста е најмоќното оружје кое го поседуваме. Таа го одделува битното од небитното, ни укажува на работите во животот кои се важни и на кои треба да ја насочиме нашата енергија, како и не оддалечува од незначајните. Луѓето кои се благодарни имаат поголеми шанси да останат сконцентрирани, да го зачуваат здравиот разум и среќата во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top