
Со проширувањето на епидемијата предизвикана од смртоносниот вирус ебола во Западна Африка, авиокомпаниите низ светот внимателно ја следат ситуацијата, но сѐ уште не преземаат некакви драстични мерки.
Следуваат некои основни информации за болеста кои ги даваат авиокомпаниите и колку е сигурно да се лета.
Зошто авиопревозниците се вознемирени?
Авиокомпаниите брзо превезуваат патници од еден до друг дел од светот. Еден болен патник во авион, според теоријата, може да зарази стотици, кои пак доаѓаат од други земји. Претставниците на здравствените организации и на авиокомпаниите потенцираат дека еболата се пренесува само преку контакт.
Избувнувањето епидемии, кои се пренесуваат преку воздух, како што се грипот или силниот респираторен синдром (Сарс), се попроблематични за авиопревозниците.
Треба ли луѓето да патуваат во Западна Африка?
Центарот за контрола и превенција на болести на САД ги предупреди Американците да избегнуваат патувања кои и не им се толку неопхoдни во западноафриканските држави Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Смртоносен ли е вирусот ебола?
Во голема мера. Не постојат вакцини и некакво специјално лечење. Степенот на смртност од еболата е најмалку 60 проценти. Светската здравствена организација (СЗО) потенцираше дека при сегашното проширување на епидемијата се регистрирани 887 смртни случаи.
Како се пренсува еболата?
Вирусот се прненесува преку контакт – преку крвта и телесните течности од заразените, велат од Центарот за контрола на болесите. Можно е исто така да се пренесува и преку предмети, како што се заразени игли. Не е забележано пренесување преку воздух.
Што велат американските авиопревозници по ова прашање?
Нема откажувања на летовите. Од трите американски компании, „Делта ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“ и „Америкен ерлајнс“, потенцираат дека одржуваат редовни контакти со владините агенции и претставниците на здравствените организации и дека ги следат нивните препораки.
А авиокомпаниите од другите држави?
Европските авиопревозници „Ер Франс-Ка-Ел-Ем“, „Бритиш ервејз“ и „Луфтханза“, сите летаат до Западна Африка од центрите во Париз, Амстердам, Лондон и Франкфурт.
Од „Луфтханза“ посочуваат дека нема опасност некој да се зарази со ебола преку воздух во текот на еден лет. Екипажите на „Браслс ерлајнз“ имаат специјални термоскенери за проверка на температурата на патниците, ако одлучат дека има неопходност од таква проверка.
„Бритиш ервејз“ ги информирала своите екипажи кои летаат кон регионот за причините и симптомите на заразата. Засега само блискоисточната авиокомпанија „Емиратс ерлајнс“ ги сопрела до следниот развој на ситуацијата своите летови до Конакри, престолнината на Гвинеја. Сѐ уште се лета до Дакар.
Бил ли исправен авиосекторот и пред други епидемии во минатото?
Во 2003 година имаше светска епидемија на силниот респораторен синдром (Сарс). За првпат болеста била регистрирана во Азија, во брзо се пренела во над 20 држави во Северна Америка, Јужна Америка и во Европа. За разлика од еболата, Сарс може да се пренесе преку кашлање и кивање.
За време на епидемијата во 2003 година се заразиле 8.098 луѓе, а починале 774 заболени. Аеродромите почнале да ги скениаат пристигнатите патници од треска. За авиопревозниците болеста била голем удар затоа што исплашеите патници си останале дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


