Реџеп Таир Ердоган прогласи победа уште во првиот круг на претседателските избори во Турција. Според резултатите од 99 проценти преброени гласови, Ердоган освоил 52,1 проценти од гласовите. Неговиот главен противкандидат Екмеледин Ихсаноглу добил 38,8 проценти од гласоите, а за курдскиот кандидат Селахатин Демиртас гласале 9,1 отсто од гласачите.
Ердоган вчера изјави дека турските граѓани ја покажале својата волја на претседателските избори. И покрај корупциските афери, популарноста на актуелниот премиер се објаснува со фактот дека за време на неговите три последователни мандати Турција остварила економски раст и пораст на животниот стандард. Според Уставот на Турција, шефот на државата има право на два петгодишни претседателски мандати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.