| четврток, 6 декември 2018 |

Голема победа на Македонија и чекор поблуску до Евробаскетот 2015 година

Во првото коло од квалификациите за европското првенство 2015 година од групата Д Македонија ја совлада репрезентацијата на Белгија со 76-73 по дополнителните пет минути во продолжението.
Иако ослабена без шест првотимци од претходното европско првенство и видно подмалдена македонските кошаркари докажаа дека имаат квалитет да ги наследат генерациите пред нив и да останат во кошаркарска Европа со континуираното учество на Евробаскетот.
Во првиот дел избраниците на селекторот Александар Џикиќ одиграа слабо во нападот со многу промашени чисти шутеви од дистанца. Тоа го искористи Белгија и преку расположениот Ервел се одлепија и дојдоа до висока предност од 13 коша (23-36).

kosarka-makedonija-48

Во вториот дел проработе балканскиот инает како многупати досега. Македонските кошаркари ја најдоа својата игра и преку Костовски и Трајковски ја намалуваа разликата на противникот.
Двајцата најдобри наши играчи во третиот дел од играта задно со Војдан Стојановски продолжија и во последниот период да ја топат разликата и да дојдат до нерешен резултат. Во последниот напад на нашата репрезентација поточно на пет секунди до крајот на регуларниот дел при резултат 62-62 Стојановски имаше шанса за победа со положување од левата страна, но не успеа во тоа и натпреварот отиде во продолжение од пет минути.
Во дополнителното време се играше кош за кош и во последниот напад на 21 секунда до крајот влеговме во нерешена
завршница.

kosarka-makedonija-47

Џикиќ повика тајмаут ги смири нашите репрезентативци и направи акција за Марко Симоновски за три поени. Тоа го искористи играчот на Работнички кој погоди од самиот ќош на теренот за победа. На семафорот стоеше дека до крајот има две секунди што не беше доволно Белгиецот Лоџески да изгради позиција за чист шуст.
Следниот натпревар од квалификациите Македонија го игра на гостински терен против Данска во среда.

kosarka-makedonija-45

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top