| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ја совлада Шкендија со 3-0

Фудбалерите на Вардар вечерва ја победија Шкендија со 3-0 во дерби натпреварот од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стрелци на средбата одиграна на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје беа Филип Ивановски во 34. и 75.минута и Артак Дашјан во 55.минута.

Со оваа победа Вардар се искачи на врвот на табела и е единствената екипа со максимални шест бодови.

Табела: Вардар 6 бодови, Металург 4, Силекс 4, Ренова 4, Брегалница 3, Шкендија 3, Пелистер 3, Тетекс 1, Турново 0, Работнички 0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top