Во селото Годолеш, кај албанскиот град Елбасан, мајка со нож го заклала четиргодишниот син, по што се обидела да се самоубие.
-Грозоморниот чин се случил во раните утрински часови. Во состојба на тешка депресија, Неџмие Душку(26) со нож го усмртила сопстеното дете, додека тоа спиело, по што си задала убод во пределот на вратот. Интервенирале другите членови од семејството, кои и го одзеле ножот и ја однеле во регионалната болница во Елбасан. Поради сериозноста на повредата жената била пренесена во Воената болница во Тирана, потврдуваат од полицијата.
Дваесет и шест годишната Неџмие пред три години се развела од нејзиниот сопруг, по што се вратила во куќата на нејзините родители. Освен депресијата, полицијата не отфрла дека на ваков чекор младата жена се одлучила и поради тешката економска состојба во која живеела.
Во период од дваесеттина дена ова е четврти случај на убиство извршени во семејство. Пред три дена сопруг, поради љубомора, си ја масакрирал сопругата во градчето Ура Вајгуроре, кај Берат. Кон крајот на минатиот месец во селото Бобоштица кај Корча маж, на спиење, си ги уби сопругата и едногодишниот син, по што се самоуби, бидејќи се сомневал во татковството на детето, додека само два дена пред тоа во село кај Фиер седумдесет и три годишен старец
си ги уби двајцата браќа, како и сопругата и ќерката на еден од браќата, по што се самоуби бидејќи не се согласувал со избраникот на внуката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


