| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите од Исламска држава убиле најмалку 500 ирачки јазиди

sirija buntovnici

Џихадистите од Исламска држава убиле најмалку 500 припадници на верската заедница јазиди во офанзивните акции на север во Ирак, а најмалку 20.000 раселени цивили од тоа подрачје успеале да побегнат од планината Синџар каде беа под опсада на исламски екстремисти.

Според ирачкиот министер за човекови права Мохамед Шија ал Судани, дел од жртвите биле закопани живи и меѓу нив има жени и деца.

– Околу 300 жени се киднапирани, додаде Судани.

Официјален претставник од автономната курдска влада во Ирак рече дека на граничниот премин Фишкабур најмалку 30.000 цивили побегнале од планината Синџар и заминале во Сирија, а потоа се вратиле во Ирак во придружба на курдски сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top