| четврток, 6 декември 2018 |

Се бараат професионални возачи, преку 4.000 слободни работни места

Од Министерството за транспорт и врски објавуваат дека со зголемувањето на влечни возила од 2009 година кога изнесувале само 6.357, на 10.770, паралелно се зголемува и побарувачката за мимимум 4.413 лица како професионални возачи.

kamioni-kolona-guzva-1344421449-195543

Земјавата го има зголемено и бројот на супермодерни камиони, по што и за нив се потребни професионални возачи. Генералниот секретар на Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва „МАКАМ-Транс“ Билјана Муратовска вели дека во овој период се појавиле лица кои се приучени и најдоа начин да се вработат иако во целост не ги исполнуваат сите стандради што се неминовни за да биде некој професионален возач.

-Бројот на возила пораснал повеќе од можноста да имаме појава на нова генерација на возачи и затоа во овој момент се чувствува недостаток од возачи, затоа што и објективно ги нема. Секое заминување на возач во пензија или кај друг работодавач во државата или надвор од границите, значи намалување на можноста да се најде друг искусен кој веднаш ќе може да го замени оној што заминал, нагласува Муратовска.

Повеќе прочитајте на „Вечер“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top