Турскиот новинар Мехмет Барансу, кој е критички настроен кон работата на Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, е уапсен во Истанбул, пренесоа американските медиуми.
Главниот обвинител на Истанбул, Хади Салихоглу, денеска соопшти дека Барансу, кој работи за весникот „Тараф“, бил уапсен во текот на ноќта заради кривилно дело клевета и заради тоа што откривајќи имиња во своите стории всушност како цели посочил раководители на борбата со тероризмот.
Салихоглу изјави дена новинарот при апсењето давал отпор. Барансу на Твитер напиша дека бил тепан од полицијата. Тој смета дека бил приведен како „одмазда“ заради неговото критикување на работата на обвинителот Салихоглу.
По распитот денеска попладне тој бил ослободен. Барансу јавно ги критикуваше обидите на турската полиција и правосудство да го заташкаат големиот корупциски скандал, кој фрли петно врз имиџот на исламско-конзервативен режим, кој со Турција управува уште од 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



