| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид: Мешани патроли од родители и службеници вечерва по кафулињата

patrola

Мешани патроли составени од полициски службеници и граѓани вечерва ќе патролираат низ Охрид. Заедничките патроли што се дел од проектот „Соседска патрола“, вечерва од 22 часот ќе се реализираат низ одредени делови на градот, ќе се посетат угостителските објекти и места каде се случувале зачестени кривични дела и прекршоци од областа на јавниот ред и мир.

„Соседска патрола“ е превентивен проект на Министерството за внатрешни работи одобрен од Владата на Република Македонија. Целта е да се зајакне новиот концепт на полициско работење со заедницата, вклучување на локалната самоуправа, урбаните заедници и граѓаните за подобрување на соработката со полицијата и  зголемена безбедноста во населените места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top