Роџер Федерер го прослави 33-тиот роденден со победа над Шпанецот Давид Ферер, која му обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот од сериите Мастерс во Торонто.
Швајцарецот победи со 6:3, 4:6, 6:3 и направи уште еден чекор кон 80-тата титула во кариерата. Во полуфиналето Федерер ќе се сретне со друг Шпанец – Фелисиано Лопез, кој го надигра претставникот на домаќините Милош Раонич со 6:4, 6:7 (5), 6:3.
“Моите сништа се остваруваат – сеуште играм тенис на оваа возраст. Го сакам тенисот, но доста е позабавно кога победувате и играте против момци како Давид, кој даде сé од себе”, прокоментира Федерер, кој беше изненаден на теренот со торта по повод неговиот роденден.
Раониќ ја разочара публиката во Торонто откако беше елиминиран, иако реализира 18 аса.
“Лопез играше многу подобро во клучните моменти, особено кога сервираше. Требаше да покажам повеќе храброст во некои поени”, рече Раониќ.
Во другото полуфинале на “Мастерсот” ќе се состанат Григор Димитров и Жо-Вилфред Цонга. Бугаринот се справи тешко со Кевин Андерсон (Јужна Африка) но победи со 5:7, 7:5, 7:6 (6), а Цонга го отстрани осмиот во шемата и двократен шампион Енди Мареј (7:6 (5), 4:6, 6:4).
“Играм се подобро со секој изминат ден. Последните месеци тренирав многу и сега се чувствувам подготвен за победи”, изјави Цонга.
Резултати од 1/4 финалето на “Мастерс” турнирот во Торонто:
(2)Роџер Федерер (Швајцарија) – (5)Давид Ферер (Шпанија) 6:3, 4:6, 6:3
Фелисиано Лопез (Шпанија) – (6) Милош Раониќ (Канада) 6:4, 6:7 (5), 6:3
(7)Григор Димитров (Бугарија) – Кевин Андерсон (Јужна Африка) 5:7, 7:5, 7:6 (6)
(13)Жо-Вилфред Цонга (Франција) – (8)Aнди Мареј (Велика Британија) 7:6 (5), 4:6, 6:4
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.