| четврток, 6 декември 2018 |

Болеста Син јазик е опасна за животните, но не и за луѓето

овци-520x238

Болеста Син јазик која е присутна во Македонија и регионот е опасна за животните, но не и за луѓето. Единствена штета може да имаат сточарите на кои ќе им биде намален приносот и евентуално бројноста на стадата. Според ветеринарите, со оваа болест опаѓа квалитетот на млекото и волната но нема штета за луѓето.

Ветеринарните служби наредиле во целиот реон на беровското село Русиново и во Малешевијата трлата каде се чуваат овци кои не се заболени од болеста Син јазик да бидат дезинфецирани со специјални хемикалии против комарците од видот Culicoides, но и против крлежи, инсекти кои се најголеми преносители на оваа болест, која е откриена пред два дена во овој дел од Македонија.

 За оваа болест кај овците, научниците сè уште не откриле лек и заболените грла ќе бидат уништени.

– Оваа болест се појавува првпат во Македонија. Нема простор за паника меѓу населението, бидејќи таа болест не се пренесува од животно на човек ниту од животно на животно. Единствен преносител на оваа болест кај овците е по „вертикала“, односно комарците од видот Culicoides – вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Инкубацијата на болеста кај овците трае од 8 до 10 дена. Болеста различно се манифестира кај различни видови животни, во најтешка форма се јавува кај овците, каде предизвикува намалување на телесната тежина, намалување на млечноста, нарушување во растот на волната и можна смртност.

– Издадено е Решение за преземање на мерки во случај на сомнеж и појава на болест Син јазик на територијата на Република Македонија. Во соседните општини на општината Берово се земаат мостри од одгледувалишта, односно од сомнителните или други приемчиви животни за лабораториско испитување – велат од Агенцијата за ветеринарство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top