| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Бекам ја распродава гардеробата за да им помогне на заболените од ХИВ

бекам
Британската дизајнерка Викторија Бекам во соработка со еден луксузен моден интернет портал одлучила на аукција да продаде неколку стотици парчиња облека од својата гардероба.

 Во соработка со порталот „The Outnet“ Викторија ќе продаде 600 свои парчиња облека. На листата ќе се најдат многу парчиња кои ги носела на црвениот килим или на различни џет-сет настани, а ќе има десетина ексклузивни модели од нејзиниот плакар.

Сите пари што ќе ги собере од продажбата на својата гардероба ќе ги даде во добротворни цели, организацијата „Mothers2Mothers“ која работи со мајките заразени со ХИВ, им помага во образованието и им пружа потпора, ги подучува како да го спречат понатамошното ширење на заразата на своите деца и како да го сочуваат здравјето на своето семејсто, но и сопственото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top