| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши средбата меѓу Црвенковски и Филе

novata-zgrada-na-eu
Нема изјави по средбата на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во седиштето на Европската комисија во Скопје. Евродипломатите Филе, Ховит и Бусек се упатија кон резиденцијата на Иванов на Водно, каде што се очекува да се сретнат со државниот врв на земјава.

Иако ништо официјално сè уште не се соопштува, дознаваме дека преговорите сè уште се во тек.
Денеска Филе, заедно со специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, и поранешниот претседател на Европскиот парламeнт, Јержи Бузек, се сретна со премиерот Никола Груевски, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со Бранко Црвенковски.
Како што е најавено, закажаната прес-конфренција ќе се одржи во резиденцијата на Иванов. Се очекува да се кажат клучни работи за тоа дали и како ќе се надмине актуелната политичка криза во земјава, дали опозицијата ќе учествува на претстојните локални избори или ќе остане на ставот да ги бојкотира и дали Груевски ќе попушти пред барањата на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top