| четврток, 6 декември 2018 |

Селтик испадна па го вратија, Шкотите противник на Ибраими и Марибор во ЛШ

Агим Ибраими и неговиот клуб Марибор ќе играат против Селтик во плејоф-фазата за пласман во Лигата на шампионите, а Шкотите на чудесен начин се најдоа на денешната ждрепка во Нион. Тие ги загубија двата меча од Легија, со 1-4 на гости и 0-2 дома, но поради невидена грешка на административниот дел на полскиот шампион, Селтик ќе игра за пласман во ЛШ.

Бартош Бережински настапи во реваншот во Глазгов за Легија, а претходно имал суспензија, па поразот од 0-2 на Селтик се претвори во службена победа од 3-0. Така при вкупен резултат 4-4, Шкотите поради гол постигнат на гости добија шанса да играат во последната квалификациска рунда за пат во ЛШ.

Останати двојки: Салцбург – Малме, Алборг – Апоел, Стеауа – Лудогорец, Слован Братислава – Бате Борисов.

Рута на шампиони: Бешикташ – Арсенал, Стандард – Зенит, ФК Копенхаген – Баер Леверкузен, Лил – Порто и Наполи – Атлетик Билбао.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top