| четврток, 6 декември 2018 |

Реал по две трансфер „бомби“ во Франција

Преставници на Реал Мадрид синоќа оствариле средби со двата најдобри клуба бо Франција, ПСЖ и Монако.
Како што објави новинарот Танкреди Палмери кој работи за „Газета“ и „СНН“ на својот твитер профил „кралскиот“ клуб бил активен на трансфер пазарот.
Преговорите со ПСЖ околу трансферот на Анхел Ди Марија се во завршна фаза, и побарале што побрзо го официјализираат кој претходно веќе бил договорен.
Од „светците“ добиле одговор дека поради финансискиот фер-плеј ќе мора најпрвин да продадат некој свој играч, а најизвесна е продажбата на младиот Маркињос или можеби Едисон Кавани како би дошле до пари за трансферот на Ди Марија.
Ако во брзо време не се случи тоа Реал Мадрид би можел да го понуди играчот на Манчестер Јунајтед кој истотака е заинтересиран за еден од најдобрите аргентински играчи во моментов.

Radamel-Falkao

Вториот разговор се одвивал во Монако каде челниите на Реал се заинтересирале за услугите на Фалкао. Добиле потврден одговор и од клубот и од играчот.
Ова е одговор на интересирањето на Манчестер Сити за колумбиецот, кој сепак би се вратил во Примера дивизија отколку да се пресели на островото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top