Фудбалските навики на Балканот тешко се менуваат и кога се губи сите се виновни, односно поразите и елиминациите се доживуваат како крај на светот. Вчера и во Загреб и во Белград имаше скандирања против раководствата на Динамо и на Партизан по неуспешниот обид да се пласираат во плејоф квалификациската фаза во Лигата на шампионите.
Динамо беше шокиран на „Максимир“ од дански Алборг, иако го почна реваншот со одлична предност од 1-0. Гол постигнат на гости без примен е капитална предност, но Јакобсен ги урна надежите на „модрите“ со два гола. Вториот погодок го постигна во 85. минута, и веднаш потоа почнаа скандирањата против Здравко Мамиќ и Управата на Динамо.
Слично беше и во Белград, каде Партизан испадна во двомечот со Лудогорец. Во Разград беше 0-0, вчера во Белград, 2-2, а правилото за повеќе постигнати голови на гости, при израмнет вкупен резултат беше кобен за „црно-белите“. И таму драматично се сфати испаѓањето од натпреварувањето, па имаше погрдни извици кон челните луѓе на клубот.
Балкан е тоа, навиките тешко се менуваат во сите сфери, па и во спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


