Почнува темелната реконструкција на киносалата во Делчево, која е во состав на националанта уставнова Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, со средства обезбедени од Министерството за култура.
Ќе се реконструира и санира покривната конструкција, внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата. Исто така, ќе се санира и помошната зграда што е во рамки на самиот објект.
Претходно киното во Делчево доби и нов дигитален проектор, со што по подолг период се овозможи обновување на киноприкажувачката дејност во овој град.
Со реконструкцијата на објектот во кој е сместено киното, Делчево ќе добие нов современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмови ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации.
Темелната реконструкција на кино-салата во Делчево ќе биде завршена до крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.