| четврток, 6 декември 2018 |

Поетска ноќ во Велестово од 15 до 18 август

poetska-nok-vo-Velestovo-610x400

Дваесет и шестото издание на „Поетска ноќ“ во Велестово ќе се одржи од 15 до 18 август. Ќе учествуваат десетина поети, критичари и уметници од Македонија, Република Ирска, Словенија и од Црна Гора.

Традиционалната „Поетска ноќ“ во Велестово годинава ќе биде посветена на поезијата на академик Катица Ќулавкова, за нејзиното творештво ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски, а ќе биде отворена изложба на членови од Центарот за културен „Проток АРТерија“ од Охрид.

Во рамки на манифестацијата, на 16 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи меѓународно поетско читање со Патрик Котер од Ирска, Тања Бакиќ од Црна Гора, Зоран Јакимоски од Македонија и Барбара Погачник од Словенија.

Исто така, во рамки на манифестацијата за 18 август во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид е предвидена промоција на три поетски книги во издание на ПНВ публикации од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top