| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Караванија“ и на десетина поети, музичари и уметници на „Поетска ноќ во Велестово“

Дваесет и деветтото издание на Поетската ноќ во Велестово ќе се одржи од 21 до 23 јули на локации во Велестово и во Охрид. На манифестацијата ќе учествуваат десетина поети, музичари и уметници од земјава и од странство.

Програмата ќе се одвива според следниов редослед:

В петок (21 јули) во 21.00 часот ќе биде одржан џез-концерт на бендот „Караванија“, поетски портрет на поетот Ристо Василевски, а ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски.

Во сабота (22 јули) е предвидено гостување на Отвореното студио во Арт поинт Гумно во Слоештица и читање поезија, а в недела (23 јули) промоција на книгата „16 бугарски поети“ со настап на гостите од Бугарија, Владимир Левчев, Аксинија Михајлова, Роман Кисјов, Ани и Илков и Поли Муканова.

Во рамки на манифестацијата, а во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации и МАНУ на 28 јули ќе се одржи промоција на проект книгата „Извештаи на рисот“ од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски. Исто така, во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации во текот на летото во Охрид ќе бидат организирани и прoмоции на делата „Доилката“ од Лилјана Пандева и „Ништо не е недостижно“ од Зоран Јакимоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top