| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Нема зелено светло за експерименталниот лек против ебола

obama-immigration-1

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека недостигаат доволно информации за да му се даде зелено светло на експерименталниот лек против смртоносниот вирус ебола и дека првичниот одговор треба да биде насочен кон мерки во јавното здравство за запирање на вирусот.

– Знаеме дека вирусот ебола може да биде запрен ако постои стабилно јавно здравство – изјави Обама и додаде дека погодените земји треба да признаат дека нивните здравствени системи биле неподготвени бидејќи не успеале да ја идентификуваат болеста и да ги изолираат доволно брзо заболените.

Според најновите податоци на Светската здравствена организација, епидемијата на ебола во западна Африка однесе 932 жртви од вкупно 1.711 регистрирани случаи на заболени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top