Американскиот претседател Барак Обама изјави дека недостигаат доволно информации за да му се даде зелено светло на експерименталниот лек против смртоносниот вирус ебола и дека првичниот одговор треба да биде насочен кон мерки во јавното здравство за запирање на вирусот.
– Знаеме дека вирусот ебола може да биде запрен ако постои стабилно јавно здравство – изјави Обама и додаде дека погодените земји треба да признаат дека нивните здравствени системи биле неподготвени бидејќи не успеале да ја идентификуваат болеста и да ги изолираат доволно брзо заболените.
Според најновите податоци на Светската здравствена организација, епидемијата на ебола во западна Африка однесе 932 жртви од вкупно 1.711 регистрирани случаи на заболени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите