Швајцарскиот интернационалец Пајтим Kасами со потекло од Струга е во врска со познатата британска манекенка Ема Милер, која е позната како поранешна девојка на Леонардо ди Kаприо.
Дваесет и две годишниот Касами кој пред да направи транфер во грчкиот фудбалски клуб „Олимпијакос“ играше зa екипата на „Фулам“, повеќе пати е виден во друштво со фото-моделот Милер. И двајцата поставуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. Иако тој веќе е во Грција, тие сепак продолжуваат да се појавуваат заедно на разни места, пренесуваат албанските медиуми.
Пајтим Касами претходно беше во врска со фото-моделот Ангела Мартини (28), по потекло од северниот албански град Скадар, која со семејството живее во Швајцарија. Во 2010 година Ангела ја претставуваше Албанија на натпреварот Мис Унивезум во Лас Вегас, каде беше шеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


