| четврток, 6 декември 2018 |

Мпоку ја зачисти пајажината во Атина, прекрасен гол и на Балмонт од Лил (видео)

Младинскиот репрезентативец на Белгија, Пол Мпоку постигна вистински еврогол за Стандард Лиеж во Атина против Панатинаикос, за победа на гостите од 2-1 и пласман во плејофот во квалификациите за Лигата на шампионите. Стандард ја заврши работата во Атина, по мечот без голови на свој терен.

Прекрасен гол за Лил во реваншот против Грасхоперс постигна и Флоран Балмонт. Со вистински проектил од далечина халфот на Лил ги урна надежите на Швајцарците за подвиг во Франција. Реваншот заврши нерешено, 1-1, а Лил славеше против популарните „скакулци“ со 2-0 на првиот меч на гостински терен и оди понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top