Рударскиот инжинер Марио Станисавлевиќ кој бил киднапиран во Либија, вчера пристигнал во Белград.
-Пристигнав, еве ме во Блеград. Со мојата сопруга, децата, пријателите вечерва најверојатно че стигнам во Деспотовец, изјавил Станисавлевиќ за Танјуг во телефонски разговор.
-Побегнав од затворот, а што и како се случуваше таму не е баш за во јавност. Компанијата за која работам како и амбасадата на Србија во Либија ми помогнаа да стигнам до Белград и еве сега сум тука, изјавил Станисавлевиќ за Танјуг во телефонски разговор.
Според неговите тврдења, тие се обиделе да ја уценат фирмата за која работел за одредена сум на пари, но не успеале.
Станисавлевиќ во Либија работел на истражување на нафта и руда за меѓународната компанија “ВАОС лимитид“ (VAOS limitid) од Малта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Објавени снимките од грабнувањето на новинарот на ,,Вашингтон пост” (видео)
-
Србин на Малта со нож го нападнал милионерот Хуго Четкути (видео)
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Србин и Хрват ортаци во криминал: Преку лажна веб страна измамиле полска фирма за 100 000 евра



