| четврток, 6 декември 2018 |

Жичницата на Водно е безбедна и во лоши временски услови (ВИДЕО)

Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно беше демонстрирана нејзината безбедност со симулација во која патниците беа сведоци како се одвива процедурата во случаи на вонредни ситуации и временски непогоди. Како дел од демонстрацијата патниците во своите кабини чекаа околу пет минути.

Милениумси Крст

Милениумси крст

Опереативниот директор на жичницата „Милениумски крст“, Борис Ивановски, денеска истакна дека граѓаните што во неделата беа зафатени од силното невреме додека се возеле на жичарницата на Водно за десетина минути биле безбедно симнати од „Милениумскиот крст“ до Средно Водно.

Тој објасни дека во неделата имало прекин во електричната енергија поради што жичницата застанала, но веднаш била префрлена на помошните мотори, а дваесеттемина патници не биле заглавени туку чекале во своите кабини  околу пет минути додека жичницата да се префрли на помошните мотори.

Ивановски посочи дека австриската компанијата што ја има произведено жичарницата е врв во технологијата за производство на жичарници во светот со стогодишна традиција кои работат на безбедноста и посветуваат големо внимание на тоа.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top