| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионерите уживаат на Водно (ВИДЕО)

Во летните денови сите бараат начин како да се разладат од жештините и да поуживаат во природа и на чист воздух на Водно.

Vodno10

Ова особено е корисно за пензионерите, кои со мерките на Владата имаат бесплатен превоз до Водно и можност бесплатно да ја користат жичницата „Милениумски крст“.

Некој од пензионерите што денес беа на Водно за „Република“ изјавија дека се презадоволни од овие владини мерки, кои често ги користат за да се одморат и рекреираат.

– Ние сме презадоволни, да не е ова многу ретко ќе доаѓаме овде – вели еден пензионер и додава дека често го посетуваат Водно сами или со пријатели, а понекогаш и фамилијарно за да уживаат во природата.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top