| четврток, 6 декември 2018 |

Кратовец пукал и правел нереди, на крај се застрелал

СВР Куманово поднесе кривична пријава за 31-годишниот С.Н. од Кратово, за сторено кривично дело предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење или тргување со оружје или распрскувачки материи и за О.И. (28) од Кратово за помагање.

На 31 јули на ул. „Св. Ѓорѓи Кратовски“ во Кратово, С.Н. во угостителски објект извадил пиштол, кој го поседувал без одобрение, и истрелал еден куршум оштетувајќи го стаклото на објектот, а потоа заминал во домот на О.И.

По ова, двајцата со патничко возило „фолксваген венто“ се упатиле кон Куманово, а кај с.Кетеново, додека се движеле со возилото, С.Н истрелал уште два куршума во воздух. Кај с.Страцин истрелал уште еден куршум самоповредувајќи се во пределот на левата подколеница, по што застанале кај местото викано „Рампа“ каде С.Н го оставил пиштолот и продолжиле кон Куманово.

По пристигнување во Куманово, О.И. го однел С.Н. во Медицинскиот центар во Куманово за укажување лекарска помош, а настанот не го пријавил в полиција.

Од страна на јавен обвинител на С.Н. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top