| четврток, 6 декември 2018 |

По подготовките во САД, Ван Гал не смета на пет играчи на Јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Луис ван Гал, ќе прави чистка во редовите на тимот од „Олд трафорд“.
Холанѓанецот е подготвен да се откаже од услугите на пет играчи по процената на нивните квалитети по подготовките во САД каде што Манчестер го освои „Чемпионс купот“ победувајќи го во финалето Ливерпул со 3-1.
Се работи за играчи кои имаа солидна минутажа кај претходните тренери на „црвените ѓаволи“. Се работи за Нани, Фелаини, Андерсон, Заха и за Кагава.
Според пишувањето на медиумите од островот, Ван Гал со сентименталност нема да добие успех од тимот, па затоа закажал состанок со секого поединечно од овие фудбалери за да им соопшти дека нема да смета на нив во следната сезона и дека се слободни да си бараат нов клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top