Шкотскиот интернационалец во редовите на Евертон, Стивен Најсмит, направи гест вреден за секое внимание. Играчот кој во голема мера е вклучен во добротворна работа одлучи да стори нешто за невработените навивачи на Евертон.
Тој побара преку бирото за вработување секој викенд кога Евертон игра на својот стадион да одбере невработени навивачи на Евертон и да им додели влезници кои тој ќе ги плати.
– Доаѓам од мало место на западот од Шкотска и поминав добар дел од животот во Глазгов, град кој своевремено патеше од голема невработеност. Ливерпул е во слична ситуација и има многу луѓе кои не можат да си дозволат да купат влазница за да го следат својот омилен тим за кого навиваат – изјави Најсмит за британските медиуми.
Тој се одлучил на тој гест за да им помогне на луѓето еден ден во неделата да се почувствуваат среќно и да уживаат гледајќи го Евертон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


